Бесплатен паркинг до крајот на работниот век за струмичките пожарникари. Овој симболичен гест е наменет за сите пожарникари од ТППЕ Струмица, кои се соочуваат со безброј ризични ситуации спасувајќи животи и објекти. Веста за бесплатниот паркинг ја објави синоќа струмичкиот градоначалник при пречекот на пожарникарите во општинскиот кабинет.
Освен бесплатниот паркинг за учесниците во спасувачката мисија во Струмица ќе се додели и по една просечна плата, како награда за нивната храброст и пожртвуваност.