Граѓани од Банско испратија видео на кое се гледаат автомобили кои беснеат, а наводно видеото е снимено вечерва, нешто пред полноќ. Според информациите на граѓаните, станува збор за жители на Банско кои се снимаат и ги поставуваат видеата на Инстаграм на опцијата „Стори“. Ова се случува вечерва, кога се донесени автобуси со граѓани од Германија кои ќе бидат во државане карантин во хотелот Цар Самоил во Банско.
Попладнево имаше лавина коментари кои изобилуваа со говор на омраза и навреда упатени кон граѓаните кои ќе се во карантин. Од струмичката болница апелираа да не се крева паника, бидејќи станува збор за двонеделен карантин во кој сместените граѓани ќе бидат изолирани нема да контактираат со никого освен со цимерите од собите во кои ќе бидат сместени. Доколку кај некој од нив се појават симптоми на коронавирус ќе бидат тестирани, но не значи дека било кој од нив е носител на вирусот.