• Sun. Nov 24th, 2024

Бескаматната линија во грант со инвестиции

Нема враќање пари за инвестиции

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите. За што следува  дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант. Ако ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот на вработени, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

„Доколку компаниите годинава го прошират својот бизнис за најмалку 10 проценти во споредба со минатата година, тогаш 30 проценти од кредитот се претвора во грант. Доколку пак го зголемат бројот на вработени за 5 проценти споредено со минатата година, тогаш 50 проценти од кредитната линија станува неповратен,  односно грант“, вели Бесими.

Тој нагласува дека овој пакет не е само за спас на економијата. Туку е пакет за економско заздравување и економски раст.

Токму од овие причини и мерката „Финансиска поддршка за исплата на плати“ е редизајнирана. Како што нагласува  Бесими, „доколку во минатото, компаниите кои 2020 година ќе ја завршат со профит требаше да вратат 50% од субвенциите, сега ако тие го инвестираат овој дел, не се должни да ги вратат средствата во буџет, туку ќе ги искористат за проширување на бизнисот и развој на  економијата“.

Целта е  овие средства да се  адресираат за  развој и инвестиции. Наместо да се вратат во буџетот и истите да бидат пренасочени за  развој на домашната економија. Имено, оваа мерка се комбинира со мерката за кредити со 0% камата и идејата е комплетно да се трансформираме во модел насочен кон забрзување на економијата“, потенцира тој.

Бесими вчера најави дека нема да има враќање на средствата за исплата на плати доколку компаниите инвестираат во раст и развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *