Седумдесеттина потрошувачи на горивата од Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, правни и физички лица, се избрани како најлојални потрошувачи со најмногу потрошени литри на гориво во изминатата година, односно од 1 јули 2020 до 30 јуни 2021 година.
Џоко Чирков и компанијата „Бамби-Дримс2“ се наградени со „Веспа“, Гоне Димитриев, Мустафа Реџепов, Митко Митров и компаниите „Орион-НН“ и „РИСТОВИ-ИР“ со телевизор, Стојан Спасов, Јован Голубов, Кадри Алиев, Горан Мавров, Томе Трајков, Митко Илиев, Васе Секиев и компанијата „Зона Транс“ се наградени со велосипед, додека 55 лојални потрошувачи се наградени со ваучери од 3.000 и 1.500 денари.
Еве го списокот со наградените потрошувачи на „БЕНЗОИЛ“ >>>
Сите добитници наградите ќе можат да ги подигнат во сабота, 10 јули на Бензинската станица на „БЕНЗОИЛ“ во Струмица.
Во тек е и Големата Наградна игра на „БЕНЗОИЛ“. Следува трето извлекување на 24 јули (сабота), во кое учествуваат сите потрошувачи кои до извлекувањето ќе наполнат гориво за сума од најмалку 1.000 денари, а ќе бидат наградени со: скутер, тротинет, велосипед, таблет и мобилен телефон.
Сите потрошувачи кои од почетокот на Наградната игра и во наредните месеци ќе наполнат гориво од Бензинските станици „Бензоил“ ќе учествуваат и во финалното извлекување кон крајот на годината во кое главната награда е Џип „Фолцваген Т-Крос“.