Бензинот поскапува за 2.50 денари по литар, одлучи регулаторна. Таа донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.