Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, додека, пак, носител на советничката листа, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски.
Шаќири на промоцијата изрази незадоволство од тоа како се води градот во последните четири години и посочи оти тоа е негов мотив да се вклучи во трката за градоначалник.
„Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат“, рече лидерот на ЛДП, Горан Милевски.