• Fri. Nov 22nd, 2024

Бектеши: Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

“На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо.

Листата се проширува со  три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, оваа одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

„Оваа одлука е  со цел да се спречи натамошно пореметувањата на пазарот и отстранат штетните последици од пореметувањето на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи“ се вели во Одлуката.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *