• Fri. Nov 22nd, 2024

Бегалци од Украина во три општини во Југоистокот

Бегалци од Украина во три општини во југоистокот. Гевгелија, Струмица и Богданци примија свои роднини и пријатели од Украина кои поради воениот конфликт ја напуштиле својата татковина.

Од транзитните центри пак за бегалци велат дека ќе чекаат се создадат услови за прием на бегалци, оти постоечките капацитети се само за транзит на бегалци и мигранти. Во моментот на територијата на општина Гевгелија, престојуваат деветмина граѓани од Украина. Двајца од нив, се од Одеса и веќе побарале статус на мигранти и засега се сместени во приватен објект, а една повозрасна жена е сместена кај нејзин роднина. Шестмина пак, се во Богданци. Пристигнатите лица од Украина во Струмица утрово ги контактиравмње но поради здравствени причини неможевме да оствариме средба.

Прием на лицата е направен од Црвениот Крст, неопходната помош и поддршка им била пружена, а лицата веќе се со свои блиски пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *