• Fri. Nov 22nd, 2024

Барсак: Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак, изјави дека Албанија и Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ.

Во интервју, вчера, за Еуроњуз Албанија, Барсак призна дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Македонија.

-Во однос на ова прашање, верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време, изјави Барсак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *