• Fri. Nov 22nd, 2024

Балони кон небото за Денот на лицата со попреченост во Валандово

Балони кон небото за Денот на лицата со попреченост во Валандово. Градоначалникот, Перо Костадинов, на својот официјален фејсбук профил објави дека заедно содецата од Дневниот центар ја посетиле територијалната противпожарна единица. Таму го одбележале Меѓународниот ден на лицата со попречености.

„Другарувавме и испративме силни пораки за љубов и еднаквост во заедницата. Лицата со попреченост, се дел од нашиот свет. Делиме исти потреби со нив, носиме иста емоција и решени сме заедно да создаваме среќа. Сакаме свет на широки срца, силни пријателства и многу бои. Под нашето сонце, има место за секоја различност, се поддржуваме меѓусебно и го храниме најдоброто во себе. Им честитам на припадниците на ТППЕ за денешната организација и посакувам да се пример за останатите во општеството. Нека е честит Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Нека има радост за сите“, напиша Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *