• Fri. Nov 22nd, 2024

Бајден потпиша указ за санкции против Русија

По синоќешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден се огласи на Твитер и објави фотографија на која потпишува нови санкции за Русија, Народна Република Донецк и Народна Република Луганск.

Бајден потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање што ќе ги вршат граѓаните на САД со отцепените региони на источна Украина – чиј декрет за независност беше донесен од рускиот претседател во понеделникот.

„ Потпишав извршна уредба со цел да ја спречам Русија да профитира од тешките прекршувања на меѓународното право. Ги продолжуваме консултациите со сојузниците, партнерите и Украина за следните чекори“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *