• Sat. Nov 23rd, 2024

Азески: Вечерва средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените, изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *