• Fri. Nov 22nd, 2024

Австрија за почеток на преговорите за ЕУ

Австрија за преговори за ЕУ

Австрија за почеток на преговорите за ЕУ. Австрија целосно го поддржува европскиот пат на сите земји од Западен Балкан. Ќе инсистира на започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што поскоро. Вклучувањето на регионот во Заедницата е од стратешки интерес за Брисел. Ова го изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за магазинот Корд.

Курц изрази особено жалење што Северна Македонија сè уште не започнала преговори за пристапување во ЕУ.

„Австрија ќе инсистира на започнување на долго одложените преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година“, рече канцеларот.

Австрија освен за почеток на преговорите за ЕУ, е и за помош на Западен Балкан и во кризата.

Курц исто така увери дека Австрија останува пријател на Западен Балкан дури и за време на кризата. Поддршката на регионот во борбата против пандемијата Ковид-19 е нејзин најголем приоритет. Тој потсети дека Австрија неодамна вети 2,4 милиони евра за иницијативата Ковакс, додека ЕУ одлучи да обезбеди 70 милиони евра вакцини за Западен Балкан.

Досегашниот претседавач со ЕУ, Германија, се надеваше дека и во декември минатата година Македонија ќе ги отвореше преговорите со ЕУ.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видео средба со неговиот колега од Република Литванија, министерот, Габриелиус Ландсбергис.

Акцентот на средбата беше ставен на европското досие на Северна Македонија, новата методологија за проширување, напорите за усогласување на преговарачката рамка врз основа на почитување на елементарните европски вредности и стандарди се со цел нејзино усвојување и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

„Принципиелната позиција на Литванија, манифестирана

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *