Поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Република Турција каде има големи човечки загуби, повредени граѓани, како и голема материјална штета, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот.
Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност.
Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.