Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2023 до 2025 година и воедно ја донесе.
Донесена е и уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација што треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка.
Во согласност со овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпаниите што ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.
„Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис-секторот од нашата држава и од други држави“, велат од Владата