Кадетите на РК Астраион родени 2000 тата и 2001 та се на неколку дневни подготовки во СРЦ Истатов Дојран како дел од програмата темпирање на формата за пролетниот дел од шампионатот. Станува збор за ракометните таленти кои изминативе сезони го свртеа вниманието на ракометната јавност во Македонија со потенцијалот што го поседуваат. Атраион подготовките за пролениот дел од првенството ги започна веднаш по празниците а сега се влегува во завршната фаза каде се работи двапати дневно.
Целта на овој состав е да се обезбеди пласман во самата завршница од кадетскиот шампионат на Македонија. Тие во моментов во својата група со само еден несреќен пораз се на втората позиција. Но имајки во предвид професионалниот пристап на работа сите очекуваат Астраион да го видат во плеј офот како и минатата година но ова година и да се конкурира за титулата.
Астраионци оваа сезона пријавија две екипи во кадетскиот и пионерскиот шампионат и според учинокот се едни од најдобрите тимови во младинските категории. Со ракометниот потенцијал на Астрион работат а Димитар Пандев, Пепи Пецанов и Александар Пиличев