• Fri. Nov 22nd, 2024

„Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“

Со премиерна проекција на документарниот фил „Трн“ во продукција на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, вечер завршува седуманесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Автори на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, а филмот е посветен на актерот и граѓански активист, Стојан Велков Трн.

Синоќа беше прикажан документарниот филм „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, посветен на годинашниот добитник на наградата за животно дело и лауреат, Желимир Жилник.

Според Горан Тренчовски, идејниот творец на фестивалот, голема е радоста од присуството на овој режисер на фестивалот.

– Со прикажувањето на филмот за Жилник, кој е омаж и не е класичен биографски филм, туку е филм кој се води по постапката на „роуд филмот“, односно преку патепис се обидува да ја следи целокупната животна патека на Жилник, која е обремената со многу интересни случки, кои навидум се едноставни, но сите тие имаат директна врска со неговата биографија,со неговиот опус, рече Тренчовски.

На годинашниот „Астерфест“ во официјална конкуренција се натпреваруваа повеќе филмови, а завчера фестивалското жири ги прогласи најдобрите остварувања доделувајќи му ја наградата „Златна потковица“ на Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *