• Fri. Nov 22nd, 2024

Археолошкиот локалитет „Бања Банско“ претставен на Конгрес во Мадрид, Шпанија

Секулов и Стоилкова на Конгрес во Мадрид, Шапнија. На 9 и 10 Март 2023 година, во Мадрид-Шпанија, во организација на Departamento de Prehistoria y Arqueología, Universidad Autónoma de Madrid (UAM), се одржа “3rd International Congress on Ancient thermalism. Thermal spas and territory: the role of mineral-medicinal waters in the Roman provinces“.

На овој Конгрес покрај преставници од Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Швајцарија, Холандија, Хрватска, Турција и Тунис кои ги преставија најеминетните термални лекувалишта од римскиот период од територијата на целата некогашна римска империја, беше презентирано и светилиштето и термалното лекувалиште од римскиот период во Бања Банско во село Банско, општина Струмица.

Во 30 минути репрезентите на НУ Завод и Музеј Струмица Ване П. Секулов и Даниела Стоилкова оптимално го преставија развојот на Бања Банско како археолошки и културно-историски феномен низ времето и просторот, со посебен акцент на неговото духовно и илијатричко значење во изминатите 2 400 години.