Професорката на економскиот факултет Тамара Јованов-Апасиева, во интервју за канал ВИС зборуваше за потребата да се понудат подобри, унапредени образовни модели кои ќе ги создадат квалитетни кадри. „Младите имаат капацитети и ние треба да ги искористиме,“ вели проф. Јованов-Апасиева.
Таа зборуваше за стратегијата на УГД да ги привлече најталентираните средношколци на некој од своите факултети. Сепак, не е дволно тоа. Идните академски граѓани треба да се мотивираат да останат тука и со своето знаење да ја градат матичната земја, а не некои други земји.
Што може да се направи во поглед на образованието, но и стратегиите за младите да сакаат да бидат дел од овој систем, зборуваме со проф. Јованов – Апасиева во емисијата „15 минути со“.