Ансамблот „Бојмија“ продолжува со своите активности. Така, во периодот од 10 до13 Ноември првиот ансамбл замина на турнеја во Србија каде ќе има бројни активности и презентација на македонскиот фолклор, обичаи, како и претставување на Општина Гевгелија. По покана од нивните пријатели од КУД Љубомир Ивановик од Ковачевац, „Бојмија“ ќе учествуваат и во мегапопуларната музичка емисија “Шареница” која се емитува секој викенд на државната РТС1 во Србија. Веднаш потоа следува целовечерен концерт во населба Рипањ, Белград и заеднички концерт со нивните домаќини од Ковачевац.