• Sat. Nov 23rd, 2024

Ангов за Дојран, Костадинов за Валандово, Зимбаков за Босилово. СДСМ објави двасетина имиња за кандидати за градоначалници

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на прес конференција објави дваесетина имиња за кандидати за градоначалници од нивната партија. Во Југоисточниот регион најголемиот дел од постојните градоначалници ќе бидат кандидати и за втор мандат.

Перо Костадинов за Валандово, Анго Ангов за Дојран, Блаже Шапов во Богданци, Зоран Зимбаков во Босилово, Благој Илиев во Конче. Според најавите на Заев, половина од десетте градоначалници во овој регион ќе бидат во трката за градоначалници и на локалните избори наесен.

Неизвесно е кој ќе биде кандидат на оваа партија за општина Струмица. Лидерот Заев рече дека одлуката за овој избор не ја донел сам, туку е направена брз база на анкети. Според него кандидатите со најголема доверба меѓу граѓаните, но и тие кои се покажале како чесни и вредни ќе бидат предложени за повторен избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *