Дојран нема проблем со нивото на водата, тоа на некои места ја надминува нултата кота, но хидросистемот Ѓавото мора да работи во текот на летниот период. Ова е ставот што дојранскиот градоначалник Ангов го пренел и на министерката за животна средина, Шукова. Градоначалникот вели дека истражувањата што се прават покажуваат големо загревање на водата во текот на летниот период, особено поради малата длабочина на езерото, па дотурот на свежа вода е корисен и за растителниот и за животинскиот свет.
Ангов вели дека ќе се искористат сите ресурси за да има успешна туристичка сезона, но генералната грижа за езерото нее само на Македонија, тукуза ова прашање мора да се воспостави и подобра соработка со Грција.
Според информациите од Министерството за животна средина, хидросистемот е во добра состојаб и ќе може да се рестартира. Тој престана да работи лани кога месечнит емсетки за електрична енергија достигнаа и до 300 илјади евра.