Во Англија минималниот период на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 е намален на пет дена, јавува Би-би-си.
Таквата одлука е донесена по разгледувањето на медицинските докази во обид да се ублажи недостигот на кадар во британската економија.
Британскиот министер за здравство Саид Џавид рече дека намалувањето на изолацијата на пет дена ќе ги врати дополнителните слободи и ќе го намали притисокот врз основните јавни услуги во текот на зимата.
Периодот на изолација во Англија минатиот месец беше скратен од 10 на 7 дена, доколку добиете негативен тест на шестиот и седмиот ден.
Според правилата на изолација, денот кога започнуваат симптомите е нулта ден, а следниот ден е првиот ден од периодот на изолација.