• Sat. Nov 23rd, 2024

Ангеловска-Бежоска: Прибирање и објавување податоци за зелено финансирање

Климатските промени веќе имаат видливи ефекти врз глобалната економија, а со тоа и врз финансискиот сектор. Неопходно е носителите на политиките да му посветат поголемо внимание на ова прашање. Народната банка ги постави зелените финансии како стратегиска цел и работи на осмислување монетарни мерки за нивно поттикнување.

Се размислува и за формирање „зелено“ портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а се планираат и насоки за банките за зелено финансирање и стрес-тестирање на банките на отпорноста на климатските промени. Ова го истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Марили“.

– Од годинава ќе воспоставиме редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање, а ќе се спроведе и анкета којашто треба да даде одговор за свесноста на банките за ризиците од климатските промени врз нивното портфолио, начинот на идентификување, мерење и управување со ризиците, како и за тоа дали планираат нови производи коишто спаѓаат во зелени финансии, посочува Ангеловска-Бежоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *