• Fri. Nov 22nd, 2024

Ангеловска-Бежоска: Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места

Новите технологии создаваат нови работни места и потреба за нови квалификации и вештини. Важно е во текот на студиите, младите професионалци да се стекнат со вештини коишто ќе им овозможат побрзо вклучување на пазарот на работна сила по нивното завршување. Ова на студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, им го порача во своето обраќање гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на настанот организиран од факултетот по повод отпочнувањето нова академска година. Таа посочи и дека тимот на Народната банка преку тематски предавања и пракса ќе им помогне во овој процес.

„ Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места. Новите технологии создаваат нови работни места во областа на вештачка интелегенција, анализа на податоци, дигитален маркетинг, развој на бизнис, како и технолошки иновации во финансискиот сектор. Сите овие аспекти се поврзани токму со студиите кои вие ги одбравте “ им порача Ангеловска-Бежоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *