Андон Сарамандов ја презеде градоначалничката функција во Гевгелија. Новоизбраниот градоначалник на Гевгелија од денеска и официјално раководи со пограничната општина Гевгелија.
Тој на својот официјален профил на фејсбук ја објави веста заедно со фотграфија на која позира со својот претходник, но и противник на локалните избори, Сашо Поцков.
Сарамандов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во вториот круг на локалните избори во овој град.