• Sat. Nov 23rd, 2024

Ана Петровска кандидат за градоначалничка на Скопје

Разрешената директорка на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје. Таа ќе биде независен кандидат од „Зелен хуман град“. Петровска посочи дека сака да ги расчистува депониите, да ги направи енергетски ефикасни сите објекти, но и да донесе нов урбанистички план за да се сочува зеленилото.

„Ние имаме заедничка визија. Мислам дека заедно можеме да ги направиме промените кои граѓаните желно ги посакуваат. Сакаме градот да го отвориме кон јавноста, да биде поотчетни, да зборуваме за начинот како се програмираат и трошат парите на граѓаните. Услугите на граѓаните се пред сè, тие треба да бидат достапни, ќе работиме и на дигитализација. Ќе ги носиме младите, маргинализирани и луѓето со хендикеп во носењето на одлуките. Ќе работиме на нов урбанистички план кој ќе ја запре бетонизацијата, ќе го заштити постојното зеленило и ќе воспостави урбана мобилност. Загадувањето на воздухот е многу важна тема. Како град нема многу надлежности, но ќе работиме на краткорочен акциски план, согласно новиот Закон за амбиетен воздух“, рече Петровска.

Според неа, има многу можности да се работи на локално ниво и да се направат големи промени.

„Имам познавања од тоа што значи урбан развој, планирање на градот, но имам осет и за локален развој бидејќи имам работено со многу мали и средни претпријатија. Треба многу да работиме со отпадот, но не на традиционален начин. Да ги санираме последиците од долгогодишните последици од Вардариште. Загадувањето на воздухот е исто така тема“, додаде Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *