• Sat. Nov 23rd, 2024

Али Aхмети ги претстави петте програмски завети на ДУИ за локалните избори

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, ја претстави новата платформа и петте клучни ветувања, што од партијата ги нарекуваат 5 завети, до кои кандидатите за градоначалници ќе се придржуваат.

Во обраќањето, Ахмети порача дека изборната кампања треба да покаже како кандидатите ќе ја развијат уште повеќе нивната општина, но и како ќе ги вклучат граѓаните повеќе и ќе го слушат секојдневно нивниот глас.

„Се договоривме сите кандидати да се придржуваме на зелената агенда за да го подобриме квалитетот на живеењето. Зеленото подразбира чисти општини без отпадоци по улиците и населбите. Зеленото значи чиста вода за пиење во сите општини.

Зеленото значи чист воздух за нас и за нашите деца. Зеленото, драги пријатели, е живот. Но истовремено подразбира и модерна патна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани создавајќи одржливи работни места за поттик на нашата економија“, рече Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *