Струмичката поп-пејачка Александра Јанева синоќа ги забавуваше присутните на манифестацијата „Светол град“. Таа настапи пред радовишани в склоп на забавните настани кои деновиве се одржуваат во центарот на градот.
Поставена е сцена, а околните штандови нудат топли пијалоци на присутните. Досега се организираа повеќе настапи на ученици од училиштата, локални бендови, настап на танцови групи и многу други настани кои имаат за цел да ја загреат празничната атмосфера во градот.