• Fri. Nov 22nd, 2024

Актерката Стојанова не е веќе на чело на „Антон Панов“

Актерката Стојанова не е веќе на чело на „Антон Панов“. Танкица Стојанова која ја водеше институцијата цела година, за канал ВИС ја потврди оваа информација. Рече дека било чест за неа да ја води институцијата изминатите 12 месеци, но, дека сега е време да се посвети на својата актерска кариера.

На местото на Стојанова доаѓа правникот во Центарот за култура, Дејан Јанев.

Изборот на директор на оваа установа со години се скандализира, особено по отпорот што пред околу две години го појавија актерите.