Побарувачката на работна сила, ангажирана привремено, стана сериозен проблем со кој се соочува Хрватска во екот на новата туристичка сезона. Иако локалните жители мислеа дека ќе имаат повеќе време да уживаат во летото, овој пат се излажаа, пишува Слободна Далмација.
Туристите доаѓаат секој ден во голем број, па сопствениците на апартмани и угостителски објекти на хрватското приморје принудени се поголем дел од работите да ги извршуваат сами или да одвојат поголеми суми за да најдат сезонски работници.
Во хроничниот недостаток на работници, за сезонска работа во угостителството и во хотелиерството некаде се нудат дури и „докторски“ плати.
Така во една група за барање и нудење сезонска работа, се појави интересен оглас – работодавец бара лице за печење палачинки, а платата е 10.000 кунми или околу 1.300 евра месечно, пишува Слободна Далмација.
„Барам работничка за работа во сезона (печење и продавање на палачинки) на плажата Строзанац – Подстрана. Супер услови, плата 10.000 куни“, пишува во огласот во кој е наведен и телефон за контакт за сите заинтеерсирани за оваа работа.