• Sat. Nov 23rd, 2024

Адвокатот на Рашковски се обиде да го одложи судењето, судијката одби

Во првите десетина минути од почетокот на судењето, одбраната на ексгенералниот секретар Драги Рашковски, побара да се одложи рочиштето. Исто барање упати и адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, бранител на друг Ивица Димитровски. Бидејќи Ивана Трајчева е со истечен мандат, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема доволно обвинители, на рочиштето како застапник на обвинението дојде шефицата Вилма Русковска.

„Мислам дека не се исполнети условите да се одржи главна расправа, бидејќи од исходот по одлуката за издвојување на докази, зависи теоријата на случај на одбраната, но и на јавното обвинителство. Тоа е секако релевантно, за самиот почеток, како давањето на воведниот збор“, рече адвокатот на Рашковски.

На ваквото барање за трето по ред одлагање се придружи и адвокатката Јошевска Анастасовска.

„За ова треба правосилна одлука за да пристапиме кон воведни говори кои треба да ја одбележат траекторијата на одбраната, како и самото обвинение“, рече таа.

Но судот, ваквите барања ги одби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *