Адел ќе заработи во просек повеќе од 2 милиона долари од настап во рамките на претстојната серија концерти во Лас Вегас со наслов „Викенди со Адел“.
33-годишнaта музичарка, според „Билборд“, треба да настапува двапати неделно од 21 јануари до 16 април во Колосеумот на палатата на Цезар, а билетите беа распродадени за шест часа претходно оваа недела на Ticketmaster.
Се проценува дека вкупно 100.000 билети биле пуштени во продажба за 24-те настапи на оваа локација, која има капацитет од речиси 4.200 седишта.