• Sat. Nov 23rd, 2024

Ацо Ристов едногласно избран за нов претседател на Советот на градоначалници на Југоисточен плански регион

Радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, денеска едногласно е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Ристов го почнува едногодишниот мандат на местото на досегашниот претседател Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.

Ристов на денешната седница во Гевгелија рече дека тој ќе ги води седниците, но, очекува сите одлуки да се носат со консензус како и досега. Тој се надева дека следниот период како Совет на градоначалници и како Југоисточен плански регион ќе успеат да донесат повеќе проекти и повеќе средства за развој на регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *