Заради огромниот интерес за неделниот меч на стадионот Младост меѓу Академија Пандев и Варадар кој започнува во 13 часот, струмичкиот клуб одлучи да ги отворат вратите на сите трибини на стадионот „Младост“.Како што информираат од Академијата за дуелот со црвено црните од Скопје кои се актуелни шампиони ќе бидат отворени вратите и на Северната трибина на стадионот а ќе угостат и околу 300 членови на навивачката група на Вардар
,, Заради големиот интерес на струмичани за овој дуел ќе биде отворена јужната и сверената трибина додека навивачите на Вардар ќе бидат сместени на западната трибина зад еден од головите на стадионот,, велат од клубот од каде сметаат на фер и коректно навивање. Станува збор за заостанат меч од 8 првенствено коло. Дуел мегу второ и третопласираниот тим во кој пулените на Горан Пандев најавуваат офанзивна игра и нова победа на свој терен