Регион

„Телекабел“ информира дека по увидот на надлежните во опожарениот „Глобал“ граѓаните ќе добијат интернет

Голем број граѓани од синоќа се и без интернет конекција поради пожарот во трговскиот центар „Глобал“. Имено, во трговскиот се просториите на кабелскиот оператор „Телекабел“, па корисниците на нивните интернет услуги засега немаат интернет, затоа што за гасење на пожарот е изгасната целата електрична инсталација во објектот.

Од „Телекабел“ информираат дека по извршениот увид и дозволата за влез во објектот повторно ќе добијат интернет граѓаните. Се очекува проблемот да се реши за неколку часа.

Препорачуваме:

Излезе од печат 10. издание на годишниот избор поезија „Метрички карван“

Ѓ. K.

Осмомартовски концерт во Гевгелија

Ансамблот Бојмија од Гевгелија на турнеја во Србија

Ване Трајков