• Fri. Nov 22nd, 2024

Филипче: Ако заразата продолжи да се шири со оваа динамика, набргу ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците

ByВане Трајков

Nov 17, 2020

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија „Сител“.

Министерот рече доколку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. Филипче нагласи дека актуелните мерки, постепено ќе даваат резултат, но непредвидливоста на вирусот може да доведе до повторно зголемување на бројот на заразени, а тоа ќе значи огромен притисок врз болниците.

„Сите сме во оваа битка, многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на мерките. Нема да може да издржиме уште многу, ако оди со оваа динамика. Ќе се преполнат болниците и тогаш веќе ќе имаме ситуација во која што може да недостасуваат и кревети и кадар. Искрено се надевам дека мерките постепено ќе даваат и ќе дадат резултат, за разлика од пред неколку недели, R0 факторот на преносливост сериозно се намали од 1,5 на близу 1 и тоа влева доза на оптимизам, но тоа не значи дека притисокот кон болниците ќе се намали. Непредвидлив е вирусот и болеста како клиничка форма не знаеме, што може да се случи и со ваков линеарен раст огромен ќе биде притисокот и проблемот во болниците, што всушност и сега веќе е и се случува. Апелирам да се почитуваат овие мерки,“ рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *