Регион

Поранешниот градоначалник на Дојран, Борче Стамов, бара оставка од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ

Борче Стамов, поранешниот градоначалник на Дојран, денеска преку прес конференција побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата во којашто и самиот е член. Тој смета дека Мицкоски ја носи партијата во бездна.

„Мицкоски се бори само кога е во прашање неговата фотелја, а не и за интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Мицкоски кукавички одлучи да бега од изборно соочување во Штип, препуштајќи го без борба вмровскиот бастион на истокот. Неговиот повик за одложување на изборите не е ништо друго освен страв од сопствената неспособност и комплексите кои ги има од загубените битки со СДСМ“, рече Борче Стамов, член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата пред партиските простории.

„Мицкоски се откажа од борба за гласовите на разочараните неутрални гласачи и им ги препушти на останатите опозициски партии, порачувајќи им дека не може да се потпрат на него и на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа прави штета и на краток и на долг рок, слабеејќи ги позициите на партијата во наредниот период. Приватното обезбедување и семејната занимација со партијата не смеат да бидат пред интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Делењето пари по фантомски медиуми, отворањето кафулиња и богатењето на поединци не смее да биде поважно од судбината на активистите на партијата и граѓаните кои очекуваат подобра иднина“, додаде Стамов.

Членовите на Иницијативениот одбор порачаа дека партијата мора да закаже вонреден конгрес на кој ќе биде избрано ново раководство, а Мицкоски ќе ја напушти функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Препорачуваме:

Струмичанецот Димитар Пандев ја освојува Евро лигата во кошарка за млади

Костадинов: Парите за украсување ќе бидат пренаменети за Дневниот центар за деца со попреченост

Ване Трајков

Слаб интерес за органската храна

Dimitar Micev