• Fri. May 17th, 2024

Директорот на струмичката болница на фејзбук повика за донации за амбулантно возило, па го повлече статусот

Првиот човек на струмичката општа болница, доктор Наќе Гогов, попладнево со фејзбук статус побара граѓаните да донираат за купување на ново амбулантно возило, оставајќи притоа и жиро сметка.

Докторот Гогов, во статусот наведе дека возилата се дотраени и во постојано движење, па потребно е ново и сигурно возило за транспорт на пациентите во Скопје. Тој замоли статусот да се споделува, но сепак, за кусо време се предомисли и го повлече. Во следен статус, тој вели дека реакциите на јавноста биле претежно негативни и затоа апелираше повторно, но, овојпат да не се донира.

Струмичката болница се соочува и со недостаток на медицински лица, како и капацитет за сместување на пациенти со КОВИД – 19. Градов последниот месец е меѓу најбрзорастечките по број на позитивни случаи на дневна основа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *