Регион

Две нови деца од централната градинка во Струмица со КОВИД – 19

Уште две деца со КОВИД – 19 во струмичката централна градинка. Станува збор за деца од истата група коишто се во изолација по првиот случај потврден пред два дена. Од управата на градинката ја  потврдија информацијата, дека вкупно три деца во една група којашто е веќе во изолација се позитивни на корона – вирусот.

Засега не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на КОВИД – 19 во групата, бидејќи едно од децата коишто денеска се регистрирани како позитивни воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на  семејствата коишто можеби се носители на вирусот, но немаат симптоми.

Првиот случај на КОВИД – 19 во струмичката градинка е регистриран пред два дена, а детето било во градинката само три дена од отворањето во средна, на 9 септември, до викендот. Детето го добило вирусот од член на семејството.

Препорачуваме:

Повторно се вршата истражувања на локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“

Ване Трајков

Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото |

Стојне Митева

Сириски бегалци кон Грција

Стојне Митева