Регион

Фото: Скопјанец загина во сообраќајка кај Гевгелија, со мини морис удрил во гаражи

Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија.

„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило мини морис со бугарски регистерски таблички удрил во лимени гаражи. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица. 

Од таму додаваат дека причините за сообраќајката со жртва дополнително ќе се утврдуваат. 

Препорачуваме:

Обуки за волонтери во Црвен крст

Градоначалникот на Василево со приемен ден за граѓаните

Во Валандово утре ќе се одржи референдум за изградба на рудници – треба да излезат минимум 5200 валандовчани за да биде успешен