Регион

Видео: Пекарница во Струмица пет месеци дели бесплатни оброци на ранливи категории

Цели пет месеци струмичка пекарница обезбедува по еден бесплатен оброк за ранливи категории граѓани. Пекарницата којашто работи во склоп на социјалното претпријатие на граѓанската организација Избор ги помага граѓаните полесно да го поминат периодот на ковид – кризата. Акцијата почнала за да им се излезе во пресрет на оние струмичани коишто се борат за оброк повеќе овој период, а во пекарницата пак, работат лица кои се борат со  зависности и работата им е дел од рехабилитациоскиот процес.

Во Центарот за згрижување и поддршка на жени жртви ан смеејно насилство велат дека ваквите иницијативи се потребни бидејќи од почетокот на карантинот и полициските часови дрстично пораснал бројот на жртви.

Пекарницата е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) преку Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи. Целта е да се постигне долгорочна финансиска одржливост на обезбедените локални социјални услуги и  да им се понуди работа на ранливите групи.

Препорачуваме:

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит

Стојне Митева

Човекот што 40 денови молчи против рудникот Иловица

Сузана Мицева

Струмичанката Кумјана Новакова ја доби наградата за човечки права со документарниот филм „Молк на разумот“

Ѓ. K.