Регион

Крстев од струмичко Ангелци со ,,застава 101“ патува за Лондон

Струмичанецот Дрган Крстев  тргна од родното село Ангелци за Лондон Англија со возило ,,застава 101’’ старо половина век, оти сакал да се вози по лондонските улици со автомобил на кој ги научил првите чекори како возач и мајстор. Крстев кој живее веќе две децении во Лондон и има своја механичарска работилница вели дека зад себе оставил многу автомобили но секогаш мислел на ,,застава 101’’ кој при последниот одмор во земјава си го купил и откако го престегнал решил со него да се врати во Лондон

,,Ова марка автомобил ми носи убави спомени кога со татко ми учев да возам но и да менувам, гуми, поправам одредени дефекти. Застава 101 беше мојата прва автомобилска љубов. Со вакво возило положив и станав мајстор. Мислам дека ќе успееме да стасаме до Лондон. Со мене е братучед ми Љубиша Велиновиќ а во возилото имам цела гајба резервни делови и две кутии алат, оти тоа е стандард за застава 101. Ако ми се случи дефект на лице место ќе го поправам и ќе продолжиме,, вели Крстев кој подвлече низ смеа дека животот е краток за возење досадни автомобили.

Возилото е старо речиси половина век. Произведено 1974 година. Драган успеал да го ,,стегне’’ за долги релации. Трасата од Струмица до Лондон изнесува 2560 километри . Веќе ја поминале унгарската граница и се упатени кон Австрија од каде планираат за Германија, Белгија Франција и Англија

Препорачуваме:

„ТОРТИЈАДА 2023“ по 24-ти пат во Струмица

Ѓ. K.

Oбновувањето на цефководите за канализационите системи по улиците на градот Радовиш во вкупна должина од 3200 метри.

Гевгелија ќе го уредува пазарот во Миравци

Сузана Мицева