Регион

Граѓаните споделуваат видеа од преполнуиот клуб Аватар во Струмица, сопственикот тврди дека само синоќа ситуацијата излегла од контрола

Видеа од забавите во  дискотеката Аватар во Струмица ги преплавија социјалните мрежи. На кусите видео снимки се гледаат стотици присутни лица без маски, еден до друг, а ги забавуваат  македонски пејачи. Граѓаните се револтирани и реагираат затоа што клубовите се преполни   среде пандемија, особено вчера кога имаше 241 новозаразени со корона – вирусот.

Сопственикот на клубот Аватар, во телефонски разговор изјави  дека досега се почитувале протоколите, а синоќа ситуацијата излегла од контрола. Тој смета дека ова е хајка против клубот, бидејќи, како што рече, ниту една кафетерија во Струмица не ги почитувала мерките за заштита од корона – вирусот, а во некои локали се одржувале и други големи веселби како свадби. Вели дека овој објект е регистиран како кафуле, а зимската дискотека е ноќен бар и била друга фирма.

Пазарниот инспекторат информира дека извршиле контрола во петокот и ја прекинале забавата, а за клубот е поднесена пријава. Од инспекторатот  потенцираа дека клубовите не смеат да работат и од вечерва ќе се затвораат сите коишто ќе се затекнат отворени.  

Освен во Струмица инспекторатот имал пријава и за клуб во Виница, каде што по инспекцијата е прекината забавата, а при  инспекција на клуб во Прилеп, додека стигнале инспекторите, клубот бил затворен.

Полицијата не одговори дали биле во контрола на клубовите и кафетериите, вклучително и на клубот Аватар и дали и колку казни за непочитување на мерките се изречени.

Препорачуваме:

Отворен ден на КИРМ со граѓаните

Ване Трајков

Видео: Системстски преглед задолжителен за секое дете коешто ќе тргне на градинка

Сузана Мицева

Прифатилиште за бездомни животни во Струмица и Гевгелија