Забава

Се откажува фестивалот „Егзит“

Фестивалот „Егзит“ нема да се одржи од 13 до 16  август како што беше претходно најавено, туку ќе објави нова промена на датумот до крајот на месецот.

Како што објави порталот Н1, организаторите на фестивалот изјавиле дека одбележувањето на 20-годишнината од „Егзит“ се поместува поради здравствената состојба во Србија.

Тие додадоа дека наскоро ќе ја известат јавноста за рефундација на средствата на оние кои не сакаат да го задржат билетот за следното фестивалско издание.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Во Гевгелија проекција на документарни филмови за градот

Сузана Мицева

Филмска проекција на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Сузана Мицева

СОФ 2019 најави настап на One way студио, графити артисти, DJ сет на Кискинов

Сузана Мицева