Регион

ДОКТОР ОЛУМЧЕВ: ДО ДЕНЕС ВО ПУНКТОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ЗЕМЕНИ ТРИЕСЕТТИНА БРИСЕВИ. МЕЃУ НИВ И ОД НАЈБЛИСКИТЕ И ОД ПОСОЧЕНИТЕ КОНТАКТИ НА ЗАРАЗЕНОТО ЛИЦЕ ОД КОРОНАВИРУС.

Во непосредна близина на главниот влез во гевгелиската Општа болница,поточно во објектот на некогашното кожно одделение е дислоциран пунктот за земање брисеви од граѓани кои имаат симптоми на Ковид-19.
–Во пунктот до сега се земени триесетина брисеви на пациенти со и без симптоми на корона вирусот.Пациентите за брис прво треба телефонски да контактираат со матичен лекар и се примаат за тестирање само со закажување преку ,,Мој термин,, со упат од матичен лекар кој се добива согласно направена епидемиолошка анкета,појасни Олумчев. Дневно, во овој пункт се прават по два теста на овој начин.
Олумчев потврди дека по идентификацијата на првиот случај на заразен со Ковид-19 во Гевгелија,веќе се земени брисеви за тестирање од најблиските со кои живее заразеното лице како и од сите посочени со кои лицето остварило контакти и дека истите се пратени на доработка во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Скопје од каде се очекуваат резултатите.

Препорачуваме:

Здравствен дом Струмица вакцинира и во домашни услови

Сузана Мицева

Ставена во функција памп патеката кај СРЦ Пандев во Струмица

Ване Трајков

Живее урбаната култура во Струмица: Градоначалникот Костадинов подари десетина скејтови со кациги

Ѓ. K.