• Fri. Nov 29th, 2024

Украден мртовец од струмичката болница

Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта. Настанот се случил за кусо време откако човекот бил примен во амбулантата во тешка состојба. утрото околу 9 часот ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49 годишен маж со отежнато дишење. Според директорот на болницата, Наќе Гогов, човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, вработените биле сведоци нља несекојдневна случка.

Дваесетина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *