• Sat. Nov 23rd, 2024

Жителите на Иловица и Штука очекуваат раскинување на договорот со Еуромакс

Вообичаен пролетен ден во струмичките села Иловица и Штука. Активностите околу земјоделските работи ги раздвижуваат жителите низ селата никнати под Огражден. Ги посетивме со прашањето што мислат за одлуката на Владата да се разгледа документацијата за концесијата на рудникот Иловица. Од дваесетина анкетирани граѓани, само еден се радува на можното отворање на рудникот.

Владата информира дека министерството за економија ќе го разгледа случајот и со одговор ќе излезе за една недела.

Од концесионерот на рудникот Иловица побаравме став во врска со овие активности на Владата, но досега не одговорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *