Струмичките гимназијалци на „штиcите што живот значат“. На големата сцена во Народниот театар „Антон Панов“, аматерите актери ги привршуваат последните подготовки за премиерата на претставата „Трошки надеж“ по текст на нивната соученичка и главна актерка Викторија Панова во што и помогнале и Моника Котева и Надица Трајкова под менторство на професорката по Драмска уметност и режисер Ѓургица Костадиновска.
Актерите аматери велат дека предрасудите и неприфаќањето на другите се се уште дел од секојдневнието.
Претставата „Трошки надеж“ ќе се одигра кон крајот на месецот, како дел од празнувањета на патрониот празник на СОУ Јане Сандански.