Во спектакуларното финале на шоуто „Никогаш не е доцна„, прогласени се победниците на третата сезона на оваа популарна емисија. Ромео Николиќ е победник од стручното жири, Неврес Хаџиќ Гога победи во Фејсбук гласањето а најпријатното изненадување е победата на 90 годишната дојранчанка Добрила Ивановска Чабриќ која ги освои гласовите од публиката, пеејќи ја песната „Земјо моја„ на групата Амбасадори.
„Се чувствувам многу возбудено, и многу сум среќна. Не очекував победа, само се опуштив и си реков како тргнало така нека заврши.Публиката е најмеродавна, за неа постоиме.Она што никогаш нема да го заборавам е тоа што ме натераа да се пријавам, а кога веќе влетав во ова, мене ми се допадна тоа. Сега ме чекаат многу покани за настапи и во Македонија и во Србија, кажа Добрила, која додаде дека сака да живее уште триесет години, а дека рецептот за долговечноста е да го сакате животот и да не се препуштате на староста.